Посебен сообраќаен режим во Скопје во следните три дена поради протест – ММС
ММС

Објавено на: 06/7/21 4:10 PM

Посебен сообраќаен режим во Скопје во следните три дена поради протест

Во Скопје на 08,09 и 10.06.2021 година ( вторник, среда и четврток) во временскиот период од 15.00 до 17.00 часот најавен е протест организиран од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, поради што во овој временски период за сообраќај ќе бидат затворени – крстосницата помеѓу бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ (ТЦ Мавровка), крстосницата помеѓу бул.„Св. Климент Охридски“ и ул.„Св.Кирил и Методиј“ (зграда на Нова Македонија) и крстосницата помеѓу ул.„11-ти Октомври“ и ул.„Филип Втори Македонски“ (Градска болница), известуваат од МВР.

Од тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените и околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.