Британските корисници на апликациите за запознавање ќе може да одберат дали на нивните профили да биде означено дека се вакцинирани против ковид-19, пренесуваат британските медиуми. И покрај ова, нема да биде можно да се провери дали оние на чии профили ја има ваквата ознака, се навистина вакцинирани. Сопствениците на апликациите за запознавање Tinder, Bumble, Badoo, Match, Hinge, Plenty of Fish, OurTime и Muzmatch склучија партнерство со владата на Британија. Идејата за ознаките на апликациите за запознавање беше отпочната во САД во мај.
Некои апликации ќе ги поттикнат оние со ознаката за вакцинација со бесплатни бодови или пристап до некои премиум карактеристики кои вообичаено дополнително се наплаќаат. Апликацијата Bumble за своите корисници ќе овозможи и размена на преференци за состаноците во текот на пандемијата, како што се ставови за физичката дистанца и носењето маски. Британскиот министер надлежен за вакцинација, Надим Захави ја опиша новата иницијатива како „неверојатна вредност“ за британската програма за вакцинација.
Неодамнешната анкета на YouGov пак, во која учествувале речиси 5000 возрасни Британци, покажува дека 28 проценти од анкетираните не би излегле со некој кој не е вакциниран, додека 2 отсто не би се состанале со некој кој примал некоја од вакцините.
Сепак, постои некоја загриженост околу статусот за вакцинација и приватноста.
Минатиот месец е ревидитран составот на пријави за вакцинација во Англија по приговорот дека е можно да се процени колку вакцини примил поединецот внесувајќи основни податоци, како што се неговото име или поштенскиот број.
Стефани Харе, истражувачка која се залага за приватноста, изјавила дека поради доброволното поставување на таквите ознаки, не е потребна службена документација и дека ризикот за приватност е исклучително низок.
„Веќе е вообичаено во хомосексуалната машка заедница да се споделува ХИВ статусот“, додала таа. Инаку, ЛГБТИ апликациите за запознавање досега не се именувани во владината програма поврзана со вакцинацијата против актуелниот вирус.
Извор: hr.n1info.com