Ана Тимсон од Англија влегла во менопауза уште пред да стане полнолетна. Кога имала 17 години забележала дека месечните циклуси и’ стануваат нередовни, но и дека има други симптоми карактеристични за жените кои влегуваат во менопауза. Лекарите прво и дијагностицирале високо ниво на фоликулостимулирачкиот хормон (FSH) и како терапија добила контрацептивни таблети.
Четири години подоцна симптомите се вратиле, по што и била дијагностицирана менопауза. Ана која сега има 38 години, вели дека била целосно скршена поради сознанието дека никогаш нема да може да роди деца – пренесува Daily Mail.
„Бев студентка кога и официјално ја добив дијагнозата. Иако тогаш се’ уште не размислував за деца, помислата дека во иднина нема да ги имам, беше поразителна. Се чувствував како некој да ми ја имаше одземено слободата. Се затворав дома и тагував“, додала таа.
Иако терапијата ги „сокрила“ симптомите, Ана му ја раскажала својата состојба на партнерот кој го запознала пред осум години.
„Тој тоа го прифати и сфативме дека сме среќни и без деца. Можеби со текот на времето ќе се предомислиме и ќе се одлучиме за вештачко оплодување или посвојување, но засега вака ни е добро“, изјавила Ана.
Извор: vecernji.hr