Уште гори старата депонија кај Гевгелија – ММС
ММС

Објавено на: 06/7/21 10:08 AM

Уште гори старата депонија кај Гевгелија

Повеќе од една недела гевгелиските пожарникари во соработка со комуналците од ЈПКД „Комуналец“ работат на гаснење и санирање на чадот на старата депонија кај Сува Река. Меѓутоа, поради силниот ветер целосното санирање на запалениот комунален отпад, односно, на чадот беше оневозможено.

Според информациите од Општина Гевгелија, изминатиов викенд, по гаснењето на огнот со повеќе противпожарни цистерни, со багери се третираше потпалениот отпад, така што и чадењето од депонијата беше смирено.

– Во текот на целата недела, постојано интервениравме со цистерни со вода, како од возилата на ТППЕ- Гевгелија, така и од ЈПКД „Комуналец“. Огнот беше изгаснат, но ветерот го оневозможуваше целосното гаснење на запалениот дел од депонијата. Поради, тлеењето и ветерот кој повторно го разнесуваше чадот. Затоа и во акцијата беше вклучена и механизацијата на ЈПКД „Комуналец“, која по гасењето го третираше комуналниот отпад. Изминатиов викенд, состојбата на депонијата е под контрола и имаме само повремено чадење, вели командирот на ТППЕ- Гевгелија, Игор Ризов.

Заедничката акција на ТППЕ- Гевгелија и ЈПКД „Комуналец “ продолжува, така што багерите и една цистерна остануваат на депонијата и во случај на повторно активирање на жариштето, ќе се интервенира. Причината за потпалувањето на дел од комуналниот отпад на депонијата не е утврдена. Но, факт е дека силниот ветер последниве денови што ја зафати Гевгелија, значително придонесе за нејзино разгорување и што е уште полошо непрекинмато чадење на депонијата. Инаку, во Секторот за урбанизам на Општина Гевгелија и ЈПК Д„Комуналец“ забрзано се одвиваат подготовките за воведување на бугарската фирма DEVELOPMENT HOLDING LTD Sofija Bugarija, која на меѓународниот тендер имаше најповолна понуда за затворање на старата депонија кај Сува Река

Според потпишаниот договор изведбените работи ќе започнат со изградба на уште еден потпорен ѕид од северната страна на Сува река. По третирањето на комуналниот отпад на оваа дива депонија, истиот ќе се покрие со заштитна прекривкагеотекстил, врз која ќе има тампон од песок и земја. Исто така, предвидена е и изведба на резервоар, каде би се собирал исцедокот од прекриениот отпад. По ова, по целата површина од депонијата да биде засадена трева. Паралелно со ова ќе профункционира и новата Времена депонија за комунален отпад кај Ново Конско, која е целосно подготвена и опремана за пригаќање и депонирање на комиуналнииот отпад.