Грција од денеска воведува ново правило за влез во државата – ММС
ММС

Објавено на: 06/7/21 8:06 AM

Грција од денеска воведува ново правило за влез во државата

Од денес, 7 јуни, странските граѓани можат да влезат во Грција со таканаречениот брз тест за антиген. Одлуката ја донесоа здравствените власти во Грција денес.

Сепак, резултатот од брзиот тест ќе се препознае само доколку е внесен во дигитален сертификат одобрен од ЕУ.

Затоа, услов е електронскиот сертификат да биде издаден од референтна институција од земјата на потекло.

Покрај оваа измена, сепак останува обврската да се пополни електронскиот формулар за апликација – PLF, преку веб-страницата www.travel.gov.gr , најмалку 24 часа пред да влез во Грција, а потоа доказ за имунизација во форма на потврда за вакцинација со која било вакцина.

Невакцинираните мора да имаат негативен PCR-тест не постар од 72 часа, а доколку имале коронавирус, треба да обезбедат потврда дека имале ковид од 2 до 9 месеци пред пристигнувањето. Ова е потврдено со тогаш позитивниот PCR или тест за антиген со кој е дијагностициран вирусот.