Принцот Хари и Меган Маркл објавија дека им се родило второто дете, девојче по име Лилибет Дајана Маунтбатен Виндзор.
Со името кое што и го дадоа на девојчето, принцот Хари и Меган Маркл и оддадоа почит на кралицата Елизабета Втора, која во кралското семејство го носи прекарот Лилибет, но и на покојната принцеза Дајана, мајка на принцот Хари.
„Со голем радост објавуваме дека принцот Хари и Меган го дочекаа раѓањето на нивната ќерка Лилибет Лили Дијана Маунтбатен Виндзор“, се вели во соопштението од канцеларијата на војводата и војвотката од Сасекс.
И мајката и ќерката се чувствуваат добро и се одмораат дома.
Бебето, наводно, се родило во петокот, 4 јуни, во 11:40 часот, во болница во Санта Барбара, Калифорнија.
superzena.b92.net/