Поради ситуацијата со вирусот коронавирусот на денешниот традиционален 34. маратон во Белград имаше околу 5.000 учесници. Меѓу нив беа околу 200 учесници од Македонија, пишува белградскиот портал „Ало“.
„Некои дојдоа да ја примат вакцината па не можеа да трчаат, други дојдоа до целта, но … На крајот, сите имаа една заедничка задача, пишува „Ало“.
Србија не успеа да се пласира на Европското првенство, но Северна Македонија тоа го направи и имаат барање да ги поддржиме Пандев и неговите пријатели на Европскот првенство о фудбал.
На транспарентот што го носеа и фотографијата која Ало ја овјави пишуваше-„Да навиваме за МАКЕДОНИЈА на Европското првенство во фудбал“.
„Дојдов во Белград, но поради вакцинацијата неможев да трчам на маратонот, но дојдов да ги подржам моите другари и пријатели и убаво се чуствуваам бидејќи секогаш сте добри домаќини, изјави за Ало еден македонски државјанин облечен во македонски дрес.
Според учесникот на полумаратонот Сашо од Македонија изјави дека сретнал околу 100 Македонци што ги познава и дека на маратонот има околу 200 Македонци.
Како што објавија организаторите на 34 Белградски маратон учествуваат 5000 натпреварувачи, 1000 на маратонот и 4000 на полумаратонот.
извор-www.alo.rs
фото-D.J.B