Кога влегов во спалната на мама и беа крената нозете, а тато ја спасуваше – урнебесна приказна зошто тато стана херој – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/21 1:30 PM

Кога влегов во спалната на мама и беа крената нозете, а тато ја спасуваше – урнебесна приказна зошто тато стана херој

Наставник од Велика Британија останал со прашалници откако ја прочитал домашната задача на неговиот ученик на тема: „Мојот херој“ и итно побарал средба со родителите. Ученикот искрено напишал зошто неговиот херој е неговиот татко. Меѓутоа,  приказната што ја избрал, се покажа дека не е најсоодветна за на училиште.

„Татко ми е херој затоа што ја спаси мајка ми од заминување во Рајот. Мајка ми ќе беше мртва ако татко ми не беше толку храбар. Тоа се случи минатата недела. Слушнав како мама вреска во спалната соба: „О Боже, доаѓам, доаѓам “. Бев исплашен затоа што не сакав мајка ми да умре. Се стрчав кон нивната спална соба. Нозете и’ беа во воздухот. Бог се обиде да ја повлече, но тато беше на неа и ја држеше. Толку пати ја туркаше додека Бог не ја пушти“, напиша детето.

Наставникот домашната задача ја оценил со двојка и побарал да ги види родителите на момчето.  Мајката подоцна ја сподели домашна задача на својот Фејсбук профил и напиша: „Секогаш проверувајте ја домашната работа на вашето дете пред да ја предаде“.

Објавата бргу стана вирална и ги насмеа другите родители и корисници на социјалните мрежи.