На Табановце до 11 часот поминале 2.500 граѓани – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/21 12:48 PM

На Табановце до 11 часот поминале 2.500 граѓани

Околу 2.500 македонски државјани излегле од државата преку граничниот премин Табановце од полноќ до 11 часот, соопштија денеска од МВР.

– Во периодот од 00:00 до 11:00 часот на 05.06.2021 на ГП Табановце влез оствариле 805 македонски државјани, а излез оствариле 2.449 македонски државјани. Во истиот период влез оствариле 2.468 странски државјани, а излез оствариле 794 странски државјани, соопштија од МВР.

Дел од граѓаните кои излегуваат од државата заминуваат за ревакцинација во соседна Србија. Друга група од 800 граѓани денеска и утре ќе се вакцинираат во Врање, во организација на македонското здружение „Спона“.

 

МИА