ДУИ ја прифаќа Зелената агенда – тоа беше главната вест на ДУИ што од говорницата во Скопје, ја објави лидерот Али Ахмети.
-По усвојувањето на нормативниот дел од Охридскиот Договор и неговото секојдневно спроведување, темелните реформи, членството во НАТО и запечатувањето на европската иднина, време е Демократската унија за интеграција целосно да се фокусира на квалитетот на животот, условите на секојдневниот живот, развојот, квалитетното образование и здравје, неселективната правда, дигитализацијата, социјалните политики, инфраструктурата, економијата и животната средина.Една млада девојка, Грета Тунберг, го обиколи светот со алармот за климатските промени и еколошката политика и сите и ја отворија вратата.Сега дојде време и ние да ги прифатиме овие политики, за една зелена, безбедна, развиена и здрава иднина.Затоа, денес, на 19-тиот роденден на Демократската Унија за Интеграција, во согласност со Резолуциите усвоени на нашиот последен Конгрес, започнуваме нова политика, нов начин на водење политика и директно дејствување, надвор од етничките права, развојот и интеграцијата, политика за еколошка правда, квалитет на живот. Денес, Демократската Унија за Интеграција во целост ја прифаќа оваа зелена агенда како дел од Европскиот зелен договор и ја додава на нејзините програмски столбови како еден приоритет, рече Ахмети.
На почетокот и на крајот Ахмети упати поздрави на македонски јазик.
-Почитувани медиуми, драга младино, почитувани граѓани, добар ден, кажа Ахмети.