Тројца пациенти со Ковид-19 примени во скопските болници за 24 часа – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/21 11:04 AM

Тројца пациенти со Ковид-19 примени во скопските болници за 24 часа

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има 3 хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 51 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град. Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми, соопшти Министерството за здравство.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември исто така немало примени  пациенти, и 3 нови заболени се хоспитслизирани на  Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти. Во  ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 16 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 28 пациенти. Вкупно 51 пациент потврден и сомнителен за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.