Приведен штипјанец откако кај него е пронајден пиштол – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/21 10:05 AM

Приведен штипјанец откако кај него е пронајден пиштол

Штипската полиција соопшти дека приведен е 39-годишен штипјанец, откако кај него е пронајден пиштол.

-На 04.06.2021 во 18.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ј.К.(39) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Штип