Двојно зголемен бројот на спасувачки екипи во Индонезија, бројот на загинати расте – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/18 8:37 AM

Двојно зголемен бројот на спасувачки екипи во Индонезија, бројот на загинати расте

Индонезија двојно го зголеми бројот на спасувачките екипи во потрагата по преживеани по катасторфалниот земојтрес кој го погоди туристичкиот остров Ломбок.

Во земојтресот со јачина од 6,9 степени по рихтеровата скала кој во неделата го подоги островот, досега се регистрирани 105 жртви.

Индонезиските власти стравуваат дека бројот на загинати и натаму ќе расте. Вчера спасувачките екипи успеа да извлечат жива жена од под урнатитните. Голем број села се уништени од земјотресот.

Илјадници жители останаа на улиците без покрив над глава, а туристите масовно го напуштаа островот.

Спасувачките екипи на туристичкиот остров Ломбок во Индонезија и натаму трагаат по исчезнати по катастрофалниот земјорес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала, кој ја погоди областа. Од урнатини на една џамија оштетена во силниот земјотрес, војниците успеале да извлечат уште еден човек.

Претходно, Ломбок на 29 јули беше погоден од уште еден земјотрес со јачина од 6,4 степени, при што загинаа 17 лица, неколкумина беа повредени.

Преземено:макфакс