Генијален трик како да испеглате облека без употреба на пегла – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/21 9:30 PM

Генијален трик како да испеглате облека без употреба на пегла

Сигурни сме дека пеглањето не е омилена работа на сите, но не можеме да излеземе во изгужвана облека, ќе се согласите. Ако спаѓате во оваа група, имаме добар совет.

Постојат два трикови за совршено испеглана облека кои заштедуваат време, но исто така не бараат употреба на пегла.

Користење на пареа

Наместо да пеглате, можете да направите две работи истовремено. Кога се подготвувате за туширање, едноставно закачете ја облеката на закачалка во бањата, затворете ја вратата и истуширајте се. Пареата од бањата ќе има позитивен ефект врз облеката. Но, не заборавајте на најважниот чекор, кога ќе излезете, брзо ставете ја облеката на рамна површина и исправете ја.

Спреј за „пеглање“

Постои уште еден трик на Инстаграм, а го објави една Австријка, кој за кратко време стана вистински хит. Таа објасни како едноставно да се направи спреј што „пегла“ облека.

Потребни ви се две чаши вода, лажичка алкохолен оцет (ја омекнува облеката) и лажичка регенератор за коса (ги опушта влакната во облеката).

Измешајте ги состојките и истурете во шише со спреј. Потоа, попрскајте ја облеката и оставете ја да стои 5 минути.

И тоа е тоа, нема повеќе гужвана облека и изгледа како да е свежо испеглана. Авторката на овој трик тврди дека спрејот работи подеднакво добро на бела и обоена облека.

 

Извор: Стил.курир.рс