Пронајдени пет мигранти во Лојане – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/21 5:14 PM

Пронајдени пет мигранти во Лојане

Денеска во 09.15 часот во реонот на селото Лојане, општина Липково, поточно кај местото викано „Шорта“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот пронашле пет лица мигранти (двајца од Индија и три од Пакистан), известуваат од МВР

Притоа, бил извршен преглед на теренот и биле пронајдени еден пиштол „Зораки“ со една рамка со четири куршуми, два ножа, два мобилни телефони и полначи за мобилни телефони.

Мигрантите и предметите биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.