Шилегов ги негираше шпекулациите, вели повторно ќе се кандидира и ќе победи – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/21 1:31 PM

Шилегов ги негираше шпекулациите, вели повторно ќе се кандидира и ќе победи

На претстојните локални избори планирам повторно да се кандидирам за градоначалник на Скопје и очекувам да победам. Во неколку наврати имам истакнато и околу тоа нема никаква промена, посочи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во одговор на новинарско прашање околу кандидатурата за втор мандат како градоначалник.

-Останувам на истата позиција и пред започнување на шпекулациите, впрочем утре ќе се расчистат тие шпекулации и ќе видите дека не станува збор за градоначалник, потенцира Шилегов во врска со шпекулациите дека СДСМ и ДУИ договориле заеднички кандидат за градоначланик на главиот град.

Тој додава дека е запрепастен со каква леснотија се шири шпекулацијата и истакна дека потребно е да се внимава со пласман на вестите, особено за оние вести што некои центри свесно ги шират како лажни вести.

 

МИА