Десетина телефонски повици дневно добива Независната угостителска комора по објавувањето на Протоколот за организирање на свадби и веселби. Угостителите, според НУК реагираат на забраната на организирање на музички настани со настап на музички уметници во објектите за храна и кафетериите и се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти за исхрана на 55 децибели.
– И музичарите и музичките работници преку здружението ЗУПМ МУЗИКА СЕГА побараа од Владата укинување во целост, со цел да им се овозможи рамноправна можност на нивно работење и настапување во сите угостителски објекти. Нивните барање кои се воедно и дел од укажувањата со барањата на НУК се во целост подржани, како и нивното право доколку истите не бидат ислушани својот глас да го искажат и преку протест, соопштуваат од НУК.
Дополнителен проблем, според угостителите, е што со новите протоколи за организирање на свадби/прослави и веселби е што угостителскиот објект во кој има прослава, е должен да ја регистрира и пријави прославата во угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.
-Само во текот на вчерашниот ден повеќе од десетина телефонски јавувања се однесуваа за пријава на угостителски објект согласно член 7 односно за регистрација и пријава на прослава во т.н. Регистар кој го води угостителската комора. Со оглед дека ниедна комора во моментов не го води овој регистар на свадби, прослави и останати веселби ниту има овластување и обврска да го води, угостителите немаат можност и начин да организираат прослава во својот угостителски објект согласно новите протоколи без истите да бидат прекршени со што се доведуваат во стартот да бидат ригорозно казнети и затворени во случај на контрола од државниот пазарен инспекторат за непочитување на овие протоколи.На овој начин угостителите и организатори на прослави се доведени во заблуда да и покрај постоење на посебни протоколи за организација на свадби/прослави и веселби истите и понатаму неможат да се реализираат и оддржат, реагираат од НУК.