Поранешните концесионери бараат одлагање на акцијата до средината на септември. Два багери кај каналот Студенчишта, чекаат налог за акција.
Поранешните концесионери со плажи во Охрид, се чувствуваат повредени од изјавата на градоначалникот Константин Ѓеорѓиевски, кој пред два дена излезе со информација дека досегашните концесионери, во период од четири години, колку што работеле на диво поради истечени договори за концесија, остварувале огромни приходи. Само една плажа според него во посочениот период остварила приход од 3 милиони евра.
„Години наназад остварувале противправна корист и огромни приходи, граделе и узурпирале надвор од договорите за концесија на земјиштето. Истото тоа продолжиле да го прават и кога договорите за концесија веќе им биле истечени и не плаќале никакви надоместоци за наем и користење на земјиштето. На пример фирма концесионер на плажа за период од четири години кога немала активен договор за концесија остварила приход од 190 милиони денари. Друга фирма која стопанисувала со плажа исто така без договор за концесија, за истиот период остварила приход од 59 милиони денари, а трета фирма за стопанисување на плажа без договор остварила 14 милиони денари, а прикажала расход само за двајца пријавени работници на месечно ниво“, рече Ѓеорѓиевски.
Димитар Пендов, кој долги години стопанисува со плажата Потпеш, вели дека во еден миг после изјавата на градоначалникот, се почувствувал како криминалец.
„Навредлива беше последната изјава на градоначаникот на Охрид, дека ние сме не знам какви профитери. Да бидам искрен јас се осетив како криминалец. Јас работам 33 години во угостителството и досега и покрај многуте контроли, не сум имал ниту една неправилност во работењето“, вели Пендов.
Тој промет ние што го правиме, а што бевме осудени за тоа, напротив ние треба да бидеме наградени за тоа.Толкав промет штом се правеле, значи дека плажите се една успешна приказна кои треба да продолжат“, рече Пендов и додава:„Тој промет ние што го правиме, а што бевме осудени за тоа, напротив ние треба да бидеме наградени за тоа.Толкав промет штом се правеле, значи дека плажите се една успешна приказна кои треба да продолжат.Не може да биде криминално работтење кога ги исполнуваме сите обврски кон сите државни органи“, додава тој.
Пендов вели дека тие не се виновни што не им се продолжени концесиите од страна на општината.И оти се’ што било направено на плажите било според урбанистички проекти одобрени од министерството за транспорт и врски, министерство за животна средина, Завод и музеј Охрид и општина Охрид.
„Од страна на градоначалникот беа нафрлани само некои бројки. Неможам да зборувам за другите плажи, туку можам да зборувам за мојата плажа.Плажата со кај јас концесионирам во последните четири години има направено бруто промет од некаде 50 милиони денари. Од тој бруто промет, поголемиот дел е за набавка на производи, со што ја подржуваме локалната економија. Една третина е за плати и придонеси. 15-25% на годишно ниво се даноци и други давачки према државата. И дел од тој промет е искористен за плаќање на наемнината. Плажа Потпеш ги има платено обврските према општина Охрид за закупнина заклучно со месец март 2021 година“, додава Пендов.
Пендов вели дека ја подржуваат секоја добра намера за справување со урбаното дивеење во Охрид, но оти плажите од 1000 дивоградби биле најмногу на мета на јавноста незаслужено.
„Урбанизацијата на Охрид не се плажите.Дај да ги решиме другите 1000-2000 дивоградби што се, кои наистина сметат.Ние дозволивме да се изградат безброј згради на места на кои што ниту природно, никој не требаше за тоа да не предупреди“, вели Пендов.
Локалните власти се решени да ги исчистат плажите од објекти и друга урбана опрема. Најавија дека следни на ред се плажите во градот односно на потегот од каналот Студенчишта и населбата Канео, каде се наоѓаат и најатрактивните плажи на Охридската ривиера. Градоначалникот рече дека за почеток ќе тргнат кон отстранување на платформите, а потоа и на објектите. Во меѓувреме тие ќе треба да престанат да работат и да бидат пломбирани.
Но поранешните концесионери гледаат уште една надеж за промена на работите. Бараат свикување на итна седница на градскиот совет во Охрид, на која ќе се зборува за состојбата со плажите и на која ќе се побара одлагање на активностите за рушење до крајот на туристичката сезона, односно до средината на септември или до изнаоѓање соодветно решение.
Во барањето испратено до општината, советничките групи и Советот на општината преку здружението Охридски еснаф се вели:
„За оваа седница ги предлагаме следните точки: Времено регулирање на односите на постојните вршители на дејност на угостителските објекти лоцирани на крајбрежјето; Изнаоѓање на преодно решение за усогласување на објектите, согласно препораките на УНЕСКО и постоечката регулатива; Импликации на статусот на вработените во објектите, како и на самите стопански субјекти; Итно одлагање на активностите со рушење до крајот на туристичката сезона (средина на септември), или до изнаоѓање соодветно решение; Ажурирање на постапките по однос на јавното наддавање и издавање под закуп од 2018 година, кои не се формално завршени“.
Но Пендов вели дека доколку останат на ставот локалните власти за рушење, тогаш мора да ја почитуваат одлуката.
„Ако се донесе таква одлука, ние сме немоќни и ќе мора да постапиме како што ни е наложено. Охрид се соочува со многу поголеми проблеми. Урбанизацијата на Охрид не се плажите..Дај да ги решиме другите 1000-2000 дивоградби што се, кои навистина сметат.Ние дозволивме да се изградат безброј згради на места на кои што ниту природно, никој не требаше за тоа да не предупреди“, вели Пендов
Во меѓувреме кај каналот Студенчишта, се паркирани два багери кои по се’ изгледа чекаат налог од општината, за да се тргне во акција за отстранување на платформите и другите објекти на плажите.
Мики Трајковски/Охрид