Од заразена храна служена на погреб во Перу починаа 10 лица – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/18 8:13 AM

Од заразена храна служена на погреб во Перу починаа 10 лица

Најмалку десет луѓе починаа, а десетици се заболени по конзумирање заразена храна на погреб во перуанските Анди.

Според министерката за здравство на Перу, Силвија Пешах најверојатно храната била заразена со пестициди. Од 50 заболени во понеделникот на погреб во село на Амбите десет луѓе починаа, а осумина се во критична состојба.

Во изминатите неколку месеци регистрирани се уште два случаја со заразена храна во тоа подрачје. 

 

Извор:МИА