Прекрасно е да се игра пред публика – Елиф Елмас пред утрешниот пријателски меч Македонија – Казахстан – ММС
ММС

Објавено на: 06/3/21 1:45 PM

Прекрасно е да се игра пред публика – Елиф Елмас пред утрешниот пријателски меч Македонија – Казахстан

Репрезентацијата на Македонија утре го игра последниот контролен натпревар против селекцијата на Казахстан пред тргнување за Букурешт и настапот на Еуро2020.

Елиф Елмас, фудбалерот на Наполи не го крие задоволството што публиката се врати на стадионот.

– Прекрасно е чувството кога се игра пред публика. Како што кажав и претходно, Македонија секогаш игра на победа, така беше и против Словенија, така ќе биде и утре. Казахстан не е репрезентација што треба да се потцени, утре ќе дадеме се од себе, што подобро да се подготвиме за настапот на Европското првенство – вели Елиф Елмас.

Игор Ангеловски вели дека репрезентацијата на Казахстан располага со многу млади фудбалери и нема да биде лесен противник.

„Се работи за репрезентација која во составот има многу млади фудбалери. Казахстан одигра добар натпревар против Украина и успеа да ремизира 1:1. Утрешниот меч ке биде добра тест подготовка пред заминувањето за Букурешт. Стефан Спирковски е добар, го одработи целиот тренинг и утре ќе настапи. Што се однесува до Хасани, во разговор со лекарскиот тим одлучивме утре да не настапи, со цел да се опорави комлетно за Европското првенство”, вели Игор Ангеловски.

Мечот против Казахстан се игра утре со почеток од 18 часот на националната арена „Тодор Проески”.

О.К.