Веројатно многу пати сте биле во ситуација да го наполните фрижидерот со свежо овошје, кое за само неколку дена почнува да скапува. Сепак, една мајка има решение за тоа. Стеф Глиготи откри како да го чува овошјето свеж до 3 недели.
Како што тврди, решението е да го чувате производот во стаклени тегли во фрижидер.
– Го најдов овој трик на Интернет пред неколку месеци, па решив да го тестирам и навистина функционира. Ако ставите овошје, како јагоди, во стаклена тегла или стаклен сад во фрижидер, тие ќе останат свежи две до три недели – рече Стеф во видеото, кое го објави на социјалната мрежа ТикТок.
@stephgigliotti28Fresh fruit hack! 🍓 ##kitchenhacks ##kitchentips♬ Taste It – Ikson
Видеото собра повеќе од милион лајкови, а бројни следбеници коментираа како би го испробале овој трик, додека некои дури ги споделија своите совети.
– Ставете салфетка на дното на садот и на горниот дел и ќе ја апсорбира целата влага, така што овошјето нема да се исуши и скапе – беше еден од советите.
Преземено од: https://www.telegraf.rs/