Македонскиот државјанин, Бобан Томовски кој беше уапсен од турската полиција, по ниту еден основ не бил баран на територијата на нашата земја. Ова денеска го истакнаминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање дали за ова лице кај нас има евиденција за кривични дела.
„Тоа лице не се барало по ниту еден основ на територијата на Република Северна Македонија. Уапсен е во Турција, секако дека согласно законските прописи ќе се преземат понатамошните мерки за екстрадиција и за носење одговорност. Секој еден што се занимава со криминал, којшто презема криминални активности треба да очекува дека ќе го снајде истото што го снајде овој Томовски. Правдата секогаш стигнува“, порача Спасовски.
Сепак тој не одговори конкретно на прашањето дали во нашето МВР, Томовски е евидентиран како кривични дела на територија на земјава. Министерот кусо посочи дека апсењето потврдило дека ова лице се занимавало со одредени криминални активности.
„Секој еден кој е чесен и одговорен не се расправа со полиција ни во државата ни надвор од државата“, кусо додаде тој.
Инаку, турските власти тврдат дека Томовски е десна рака на возачот на подземјето, Седат Пекер, кому македонските власти пак, му издале илегален пасош.
За Томовски е покрената правна постапка за правна постапка за „Нарушување на јавниот ред и мир“ и е однесен во Центарот за отстранување на управата за имиграција во провинцијата Кочаели. Таму ќе остане до неговата депортација, назад во Македонија.