Дневен билтен на Општина Штип – 08.08.2018 – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/18 8:06 AM

Дневен билтен на Општина Штип – 08.08.2018

Редовна месечна дезинсекција
Денеска Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината Штип спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето се изврши од 02 до 07 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата беа опфатени зелените површини во општина Штип,  подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналиниот систем на трериторијата на општината, урбаните населби и локалитети.
Третирањето се изведува со препаратот Ауродил Супер ПБ со активна супстанца permethrin, d-allethrin-адултицид и со препаратот BIOPREN 4GR со активна материја Isopropyl (7S,2E,4E)-(+)-11-methoxy-3,7,11-Trimethyl-ларвицид.
Информации за тековни инфраструктурни проекти
Вчера, 07.08.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, преку изјава за медиуми ја информираше јавноста за сите тековни инфраструктурни проекти кои се реализираат во моментов на територија на општина Штип.
Имено, во моментов во Штип во различни фази од нивната реализација се одвиваат голем број важни инфраструктурни проекти. Над 161.471.000 денари, пари на граѓаните, се вложени во бројни инфраструктурни проекти, коишто се од суштинско значење за растот и развојот на нашиот град.
„Над 2.600.000 евра се насочени кон вистинските цели. Граѓаните ќе ги запознаваме со реализацијата на овие инфраструктурни проекти постепено, а денеска ќе набројам што се гради во моментов. Во Штип интензивно се градат нови или се санираат