Во сообраќајна незгода синоќа во Неготино повредени се три девојчиња на возраст од 16 до 17 години.
Автомобил „Волксваген Поло“ удрил во девојките на пешачки премин, на раскрсницата на улица „Маршал Тито“ во непосредна близина на полициската станица. Настанот го потврдија од СВР Велес. -синоќа околу 21.00 часот на бул.„Маршал Тито“ во Неготино се случила сообраќајна незгода помеѓу „Фолксваген поло“ со неготински регистарски броеви управувано од М.И.(35) од с.Пепелиште, неготинско, и три деца – пешаци, при што, пешаците се здобиле со телесни повреди констатирани во болницата во Неготино.
Бил извршен увид на местото на настанот“ – информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. Неготинци ги вознемири овој случај и коментираат дека незгодата е случена на мошне фреквентна сообраќајница, каде нема „легнати полицајци“.
Но во Неготино на ниедна сообраќајница нема ниту семафори, ниту кружни текови. Пред секои избори граѓаните добиваат ветувања дека ќе се надминат недостатоците во сообрќајот, но тоа никако да се случи. Синоќешната незгода не е прва. Пред една година на истата улица комбе прегази дете на велосипед, исто така на пешачки премин. И тогаш неготинци бараа да се постават препреки кои ќе ги опоменуваат возачите да ја намалат брзината.
Ангел Данов