Според вчерашните податоци на Институтот за јавно здравје, три града во земјава – Демир Капија, Пехчево и Дојран, немаат ниту еден активен случај на Ковид-19, а во Дебар и Валандово има само по еден.
Бројот на лица кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 436.072 граѓани, информираат од Министерството за здравство.
Во државата вкупно се аплицирани 346.931 дози вакцини, а ревакцинирани се 107.648 граѓани.
Една доза примиле 47 отсто од населението над 70 години, а 41 процент кај лицата над 65.
Во државата досега вкупно се инфицирале 155.345н лица. Вчера беа регистрирани нови 43 случаи позитивни на коронавирусот од направени 3.007 тестирања или 1,4 отсто. Пријавени се шест починати и 48 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 802.272 тестирања на Ковид-19.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.345, бројката на оздравени пациенти е 148.846, на починати е 5.429, а бројот на активни случаи изнесува 1.070. Најмногу активни има во Скопје – 444, потоа следи Куманово – 108, Прилеп – 57,
Охрид – 54, Битола – 51. Во Демир Капија, Пехчево и Дојран нема ниту еден активен случај, а во Дебар и Валандово само по еден.
МИА