Наследникот на Вељко Ражнатовиќ, Жељко, утре го слави својот прв роденден.
Токму затоа, семејството Ражнатовиќ, особено Цеца, се потрудија да организираат прослава за внучето која ќе биде незаборавна.
Фолк-дивата не сака да зборува за нејзиниот приватен живот, па кога ќе ја прашаат за Жељко, таа секогаш скромно одговара – дека е како и секое друго дете на негова возраст. – Јаде, спие, игра, плаче, се смее. Бебе како и секое друго. Живееме нормален живот зад камерите, имаме проблеми како и сите други луѓе. Ние не се разликуваме од оние кои не се јавни личности – рекла неодамна пејачката.
Ражнатовиќ не штедела кога станува збор за прославата, наведува соговорник, но имајќи предвид дека станува збор за елитен ресторан, може да се каже дека поминала добро. Дала околу десет илјади евра за закуп на ресторанот и кетеринг, додека околу три илјади евра издвоила за украсување, аниматори за деца и други ситници. Бидејќи е детски роденден, алкохолот нема да биде застапен во голема мера, па таа дала околу илјада евра за пенливи вина за наздравување. Тортата ќе биде гламурозна и голема, на неколку спрата, а соговорникот рекол дека сината боја ќе доминира и ќе има неколку вкусови. Подготвена е слатка маса, која најмладите ја обожаваат, а платија и околу илјада евра за слатки.
Извор: Курир.рс