По средбата меѓу бугарскиот претседател Румен Радев и португалскиот претседател Марсело де Соуза во Софија, односите со Македонија беа една од темите.
Бугарија бара гаранции при проширувањето на Европската унија со Македонија, а постои цела листа на формални услови, рече Радев. Португалското претседателство и лично претседателот Марсело Де Соуза смета дека можат да помогнат да се најде конструктивен пристап.
– Најважната задача е да се врати дијалогот на сите нивоа меѓу Софија и Скопје .Тој пристап мора да се заснова на почитување на ставовите и проблемите на земјите за кои зборуваме и почитување на нивните позиции. Врз основа на овој пристап, гледам отворање перспектива за интензивно продолжување на дијалогот, за развој на соодвети патокази, соодветни документи и односи на сите структурни нивоа, што ќе ги дадат соодветните гаранции за нас, особено за да бидеме убедени дека процесот на проширување ќе биде ефикасен, стабилен и неповратен. изјави Радев по средбата.
Бугарскиот претседател најави и конкретни чекори во зближувањето меѓу двата народи.
-Кога ја формирав привремената влада, им поставив задачи на привремените министри за туризам, за образование и за надворешни работи, да размислуваат како да ги зближиме нашите млади луѓе. Наместо да плаќаме за мерки за одржување на туризмот во живот, државата треба да им даде пари на оние хотели, кои ќе обезбедат целосна поддршка за деца, ученици, како од Бугарија така и на нашите пријатели од Република Северна Македонија, рече Радев и додаде дека ја споделува идејата со македонскиот претседател Стево Пендаровски за време на нивната заедничка посета на Рим, изјави Радев.
Португалскиот претседател зборуваше во дипломатски речник. Рече дека позицијата на неговата земја е за постојан дијалог, да нема предрасуди и никви комплекси за проширувањето.
-Следиме со внимение и се восхитуваме на напорите за дијалог помеѓу Бугарија и РС Македонија. Сметаме дека треба да соработуваме и да помогнеме, не со јавни изјави, туку со конкретните чекори за поддршка на дијалогот. Така постапуваат пријателите, кои сакаат да непредуваат во таа соработка и ќе има резултати. Понекогаш гласноста не помага, туку попречува, рече Марсело де Соуза.
Според португалскиот претседател, постојат европски земји со различни ставови по прашањето за проширувањето. Португалија има принципелна позиција и нема предрасуди по ова прашање, го поддржува процесот на проширување на Европа, изјави Де Соуза.
-Богатството на Европа е во разновидноста и има повеќе циклуси на проширување. Во однос на Западен Балкан, ние ја знаеме историјата, географијата, знаеме дека прашањето е чувствително не само за змејите членки, туку и државни кои не се членки, а сакааат да влезат. Треба да се најдат патеки да се слеат различностите, рече Де Соуза.
Објавено на: 06/2/21 1:52 PM