Бритни Спирс заборавила во кој град се наоѓа – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/18 7:56 AM

Бритни Спирс заборавила во кој град се наоѓа

Бритни Спирс моментално „гази“ на сцената во Европа, во вториот дел од својата турнеја „Piece of me“.

Пред два дена настапувала на парадата на гордоста во Брајтон, кадешто направила лапсуз пред многубројните обожаватели. Имено, Бритни насред настап се свртела и прашала една танчерка во кој град моментално се наоѓа и потоа извикала: „Што има, Брајтон Прајд“?

Бидејќи Бритни поради танчерските кореографии имала микрофон што бил прикачен на нејзиното уво, сите го слушнале нејзиното несоодветно прашање кое се проширило на социјалните мрежи со брзина на светлината.

Но, и покрај тоа, Бритни од фановите добила само поддршка бидејќи сметаат дека е разбирливо и човечки да се случи такво нешто после толку многу настапи, дури во 42 држави.

 

 

Преземено од:tocka.com.mk