Почина работник во фирма во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 06/1/21 3:44 PM

Почина работник во фирма во Скопје

Вчера околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во приватна фирма на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, додека извршувал работни задачи, починал Т.П.(51) од Скопје, известуваат од МВР.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Увид извршила екипа на СВР Скопје.