Израел ги укинува речиси сите рестриктивни мерки, повеќе не е потребна ни потврда за вакцинација за влез во рестораните – ММС
ММС

Објавено на: 06/1/21 2:49 PM

Израел ги укинува речиси сите рестриктивни мерки, повеќе не е потребна ни потврда за вакцинација за влез во рестораните

По значајниот пад на бројот на новозаболени, Израел ги укинува речиси сите ограничувања кои беа воведени со цел сузбивање на коронавирусот.

Според објавата на Министерството за здравство, денеска истекуваат Зелените пропусници, што значи дека јавните институции во иднина ќе бидат отворени и за оние кои не се вакцинирани.

Повеќе нема да биде потребно да се покаже потврда за вакцинација, а се укинуваат и сите ограничувања за влез на настани, во продавници и ресторани.

Единствено што останува на сила е обврската за носење маски во затворени простории. Ограничувања ќе има и при влез во државата.

Израел со девет милиони жители успешно спроведува вакцинација од 19. декември.

Бројот на новозаразени и тешко болни значајно се намалил во последните неколку месеци, а во неделата имало само четири случаи на коронавирус, што е најмал број по повеќе од една година.

 

извор: н1хр