Саудиска Арабија ги стиши џамиските звучници – ММС
ММС

Објавено на: 06/1/21 2:27 PM

Саудиска Арабија ги стиши џамиските звучници

Ресорното министерство во Саудиска Арабија одлучи да ја ограничи гласноста на џамиските звучници, што предизвика мноштво реакции во тамошната јавност.

Минатата недела Министерството за верски работи одлучи дозволената гласност да биде една третина од максималната јачина на звучниците. Освен тоа користењето на звучниците би било дозволено само верниците да се повикаат на молитва, што претходно не било случај.

Претходно звучниците се користеле и за целодневни проповеди, па затоа новото ограничување предизвикало реакции од јавноста.

Причина за ваквата одлука, министерот за верски работи Абдул Латиф Шеик вели дека е тоа што гласноста ги вознемирувала децата, но и постарите граѓани.

– Сите кои сакаат да се помолат не мора да го чекаат повикот од имамот. Треба да бидат во џамијата пред самиот почеток на молитвата, кажал ресорниот министер за државната телевизија.

Тој потенцирал дека молитвите и проповедите се емитуваат преку телевизија и заклучил дека џамиските звучници имаат ограничено влијание.

И додека многу саудијци ја поздравуваат ваквата одлука, оние кои се незадоволни сега повикуваат да се ограничи гласноста на музиката и во угостителските објекти.

На ваквото барање министерот рекол дека тие се „непријатели на Саудиска Арабија“ и оти го поткопуваат јавното мнение.

Ова доаѓа по одлуката на престолонаследникот Мухамен бин Салман да го либерализира саудиското општество, со што се укинати повеќедецениските забрани за посетување на киносалите, на жените им е дозволено да возат автомобили и да присуствуваат на музички и спортски манифестации на кои има и мажи.

Најголем дел од граѓаните ја проздравиле либерализацијата, што не е за изненадување, бидејќи две третини од вкупното население е помладо од 30 години, пишува „Ал Џезира“.

 

извор: б92.нет