Дубаи магепсан од македонските убавици – Манекенките од Црнокрак освоија четири титули – ММС
ММС

Објавено на: 06/1/21 2:11 PM

Дубаи магепсан од македонските убавици – Манекенките од Црнокрак освоија четири титули

Минатиов викенд во Дубаи, Обединети Арапски Емирати се одржаа изборите за
LITTLE MISS & MISS TEEN PLANET 2021 и LITTLE MISS & MISS TEEN GALAXY 2021.

На двата избори Македонија ја претставуваа 4 девојки и сите 4 освоија титули во своите возрасни категории.

Миа Нецова, Ангела Атанасовска и Симона Петровска ги освоија вторите места, односно титули Прва придружничка во конкуренција на тинејџерки, а малата 4 и пол годишна Миа Петровиќ е победничка, односно LITTLE MISS PLANET 2021 !!

– Сите девојки се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овие детски и тинејџерски интернационални избори за убавина кои оваа година во организација на PLANET INTERSOUND агенцијата од Софија, Бугарија, се одржаа во Дубаи, во хотелот DUSIT THANI DUBAIТрите тинејџерки на изборите носеа креации од Елена Лука, Студио Краљевски и Атеље Жана, а малата Миа од Елена Лука и од Little Princess Macedonia. Тие поминаа прекрасни 10 дена во Дубаи, кои сигурно долго ќе ги паметат, а на секое место и во секое време достојно се претставуваа самите себеси, Модното студио Црнокрак и секако својата држава.Нашите девојки учествуваа и на EUROPE KIDS & TEEN FASHION WEEK кој исто така се одржа во Дубаи во исто време, изјави Мики Црнокрак од Обединети Арапски Емирати.