При вчерашната контрола на штипската полиција во периодот од 15.00 до 21.00 часот на мотоцикли во сообраќајот биле констатирани 18 прекршоци и сите биле соодветно санкционирани.
Како што соопшти СВР Штип, при контролата биле констатирани и 14 прекршоци за пречекорување на брзината, 2 за нерегистрирани возила, 12 за управување возило без возачка дозвола и четири за некористење сигурносен појас. И за овие прекршоци биле поднесени соодветни поднесоци.