Променливо облачно со температура до 24 степени – ММС
ММС

Објавено на: 06/1/21 7:21 AM

Променливо облачно со температура до 24 степени

За денеска најава на променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Според УХМР, ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурата ќе биде под просекот за овој период од годината.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната од 15 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно, со попладневен повремен пороен дожд. Минималната температура ќе биде околу 9, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Стабилизирање на времето со пораст на температурата на воздухот следува од утре.