Нарачал скап кавијар за мачката, да му се подгрее приборот за јадење – Десет најбизарни барања на богатитe – ММС
ММС

Објавено на: 05/31/21 5:50 PM

Нарачал скап кавијар за мачката, да му се подгрее приборот за јадење – Десет најбизарни барања на богатитe

Урбана легенда е дека луѓето со длабок џеб имаат бизарни навики и баrања. На Редит се појавила тема за тоа и имало навистина чудни барања на богатите.

Корисничка на Reddit, Mrs.Waters прашала: „Кои се наjапсурдните стереотипни барања на богатите?“

Ова се најинтересните одговори што ги добила, пренесува Индекс.

„Некој нарачал кавијар вреден повеќе од 160 долари за својата мачка.

„Работев како диџеј во ексклузивен бар. Дечкото ми даде над 100 долари само за повторно да ја пуштам истата песна “.

„Татко ми работеше во скап ресторан во Чикаго. Познат американски фудбалер дошол со група пријатели 15 минути пред да се затвори и го натерал персоналот повторно да ја отвори кујната за да може да јаде шницли “.

„Работев во бар и две лица сакаа да купат две столици, кои ќе им ги чуваме за да можат да седнат дури и кога целиот локал е полн. Тие беа подготвени да потрошат речиси милион на две столици, само за да можат да седат во барот кога ќе посакаат “.

„Свршеница на едно момче изгуби огромен прстен во базенот, па свршеникот го принуди хотелот да го затвори базенот за гостите за да може вработените да го бараат прстенот. Подоцна, тој им даде шишиња со скапо вино на гостите кои му помогнаа да го најдат “.

„Јас сум келнер во прекрасен италијански ресторан. Човекот бараше да му го загреваме приборот за јадење бидејќи лажицата и вилушката беа премногу ладни “.

„Еден пар сакаше да преместиме градежен кран од соседната парцела затоа што им го расипа погледот.“

„Јас сум коктел-мајстор на огромен базен на хотел со четири везди. „Си ја изгубив кремата за сончање, најди ја“, ми рече една жена со монотон глас и без гледање нагоре.

„Тие нарачаа најскапо вино во ресторанот, истурија две и пол чаши, испија голтка и го вратија, знаејќи дека треба да платат за тоа.

„Мојот поранешен екстремно богат шеф секогаш престојуваше во претседателскиот апартман, од кој морашеше да се отстрани сè што беше црвено. Тој беше голем играч во неколку казина, и поради него, тие направија чипови за замена за да не мора да игра со „црвените“. Ја мразеше црвената боја затоа што била „губитничка“.

Извор: Нова.рс