Конфликтот помеѓу УЕФА и ФИФА од една и европскат Суперлига од друга страна е преместен на Европскиот суд на правда каде што ќе се решава еден од најголемите спорови во историјата на фудбалот.
Проектот Суперлига доживеа фијаско уште пред еден месец, но далеку од тоа дека е ставена точка на една од најконтроверзните фудбалски одлуки.
Според најновите сознанија случајот завршил на Европскиот суд на правдата во Луксембург затоа што клубовите основачи ги обвинуваат ФИФА и УЕФА дека го прекршиле правилото на конкуренција кое важи во земјите на Европската унија и дека поради тоа ќе мора да ја платат сметката.
Целата постапка би можела да трае со месеци, но поради итноста на ситуацијата таа би требало да биде решена до почетокот на следната сезона во Лигата на шампионите.
Одлуката која ќе ја донесе Европскиот суд ќе биде обврзувачка за националните судови и би можела да биде пресврт кога се работи за судбината на европскиот фудбал.Се истакнува дека клубовите основачи и покрај острите реакциии, официјално не се избришани од регистарот на членови на Суперлигата, иако останаа само Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.
извор: sportske.net
фото: BBC.co.uk