(видео) Џиновска ајкула ги исплаши гостите на крузер – ММС
ММС

Објавено на: 05/31/21 1:38 PM

(видео) Џиновска ајкула ги исплаши гостите на крузер

Музичарот Алекс Олбјат објави снимка од ајкулата на ТикТок, а видеото за неколку дена собра 49 милиони прегледи.

Споделеното видео е направено близу Ирска, во Атлантскиот океан, на кое се гледа како огромниот крузер се среќава со џиновска ајкула.

@.alex.albrechtSailed six weeks in the atlantic saw this big fucking shark♬ original sound – Alex Albrecht


Поради својата големина, ајкулата потсети на мегалодон, праисториски вид ајкула што изумре пред 23 милиони години, а може да порасне до 18 метри во големина.

Меѓутоа, според познавачите, се работи за вид наречен џиновска ајкула, што е, по кит-ајкулата, втор по големина вид на оваа риба.

Иако можат да пораснат и до 12 метри и да изгледаат застрашувачки, овие животни се хранат со планктони, не се агресивни и се безопасни за луѓето.