И анемијата може да биде последица на ковид-19: Како да ја подобриме крвта преку стилот на исхрана објаснува нутриционистката, Тања Турунџиева – ММС
ММС

Објавено на: 06/2/21 6:30 PM

И анемијата може да биде последица на ковид-19: Како да ја подобриме крвта преку стилот на исхрана објаснува нутриционистката, Тања Турунџиева

Анемијата која меѓу народот е позната како слабокрвност предизвикува главоболка, чувство на студ во рацете и нозете и бледило на кожата. Карактеристично за оваа состојба е тоа што се јавува недостиг на хемоглобин во црвените крвни зрнца. Недоволната количина на хемоглобин пак, ја намалува способноста на организмот да пренесува кислород до ткивото и да го исфрла јаглен-диоксидот од белите дробови. Ова за читателите на Македонски медиа сервис го објаснува нутриционистката, Тања Турунџиева.

Во најновото интервју за ММС со неа зборуваме за превенцијата, манифестациите на анемијата, справувањето со помош на исхраната и поврзаноста на оваа состојба со ковид-19.

Што чувствуваат луѓето кои се анемични, кога треба да се јават на лекар и како всушност се одразува анемијат на крвната слика?

Анемијата во најчест број на случаеви е предизвикана со недостаток на железо до кое најчесто доаѓа заради губење голема количина на крв (крварења од чиреви или обилни менструации). Уште еден тип на анемија, познат како фернициозна анемија, се јавува како недостаток на витаминот Б12, кој е неопходен за создавање на црвени крвни зрнца. Постарите луѓе почесто заболуваат од анемија бидејќи способноста на организмот да го апсорбира витаминот Б12 од исхраната со годините се ослабува. За производство на црвени крвна зрнца неопходна е и фолната киселина и ако не се внесува доволно можно е да се заболите од анемија од фолна киселина.

Алкохоличари и пушачи, како и луѓе кои имаат одреден проблем со дигестивниот систем, вегетаријанци ако неправилно се хранат, луѓе преку 50 години, трудници и доилки може да имаат најмногу ризик од фернициона анемија и таа предизвикува недостаток на фолна киселина. За лечење на анемијата може ќе бидат потребни лекови ама разновидна исхрана ќе придонесе да останете здрави кога ќе ја надминете.

Каква е улогата на нутриционистите во справувањето со анемијата? Дали и како преку здравата исхрана може да ја зајакнеме крвта, а со тоа и нашиот организам?

Анемијата може да биде хронична или акутна меѓутоа со направена крвна анализа може да ја констатираме состојбата.

Недоволната количина на протеини во телото може да биде причина за анемијата и до смалениот број на црвените крвни зрнца. Обично тоа се случува кај вегетаријанци кои неправилно се хранат. Откако ќе се констатира анемијата, треба да се преземат одредени чекори. Потребно е да внимаваме на внес на нутритиви коишто содржат железо, протеини, витамини Б1, Б2, Б6 и Б12, фолна киселина (фолат), бакар и витамин Ц.

Мешунките се богати со железо, фолати и протеини како и други хранливи состојки неопходни за создавање на крвта. Овошјето особено киселото, ја олеснува апсорбцијата на железото. Лиснатиот зелен зеленчук како што се спанаќ, блитва и зелена салата се богати со железо. Овој зеленчук обезбедува магнезиум (кој влегува во состав на хлорофил) и елементи во трагови на пример, бакар кои ги поттикнува црвените крвни зрнца да се создаваат во коскената срж.

Цвеклото е богато со железо и витамин Ц и се препорачува со други зеленчуци или овошја како сок да се испие 30 минути пред оброк. Авокадото кое е едно од најбогатите зеленчуци богато со железо и витамин Ц, семките од сончоглед коишто се богати не само со железо туку и со Б витамини и витамин Е. Грозјето и кајсијата (свежа или сува) имаат одредено место за лекување на анемија. Лимонот и спирулината како алга исто така влијаат врз решавањето на различните типови на анемијата.

Постојат ли ризик фактори кои водат кон создавање анемија, дали тука игра улога стресот или некои нездрави навики на дневна основа?

Лошата исхрана, користење на одредени чаеви кои имаат голема количина на танин доаѓа до пореметување на апсорбцијата на железото. Анемијата не е редок проблем кај љубителите на чаеви. Млекото содржи занемарлива содржина на железо, меѓутоа ако се пие во големи количини создава анемија. Една од причините за анемичните деца е преголем внес на кравјото млеко.

Алкохолните пијалоци ја пореметуваат асимилацијата на салати и други витамини од Б групата што предизвикува сама анемија. Тоа објаснува зошто анемијата е честа појава кај тешките алкохоличари. Сите нездрави нутритиви, недоволен внес на овошје и зеленчук може да предизвика анемија.

Дали и на кој начин анемијата е поврзана со ковид-19? Дали коронавирусот води кон анемија, имајќи предвид дека бројни и постковид симптомите?

Без разлика дали станува збор за вирусна или бактериска инфекција, анемијата може да се појави како последица на самата инфекциона состојба. Со самото прележување на ковид-19, како последица се јавува недостатокот на железо, фолна киселина како и намалена вредност на феритинин (депо на железо). Со самото опаѓање на имунолошкиот систем доаѓа до појава на анемија. Многу е важно на време да се дијагностицира и реагира. Во секоја случај, со здрав и правилен начин на исхрана може да се подобри ситуацијата за краток временски период. Тоа се прави со доволен внес на адекватни нутритиви и специјални природни сокови терапии.

Колку слабокрвноста е присутна кај децата? Дали овде има влијание начинот на кој мајката ја поднесувала претходно својата бременост, дали текот на бременост  е фактор кој може да придонесе детето да биде анемично?

Доколку не внимаваме на секојдневната исхрана кај децата, нормално е да се јави состојба на анемија, особено во пролетниот и есенскиот период. Ако детето појавува симптоми на хроничен умор, безволност, честа поспаност тогаш тоа треба да ни алармира, дека треба да направиме крвна анализа на детето. Големиот внес на млекото и млечните производи и те како можат да создадат доколку заменуваат одредени нутритиви. Не значи ако мајката за време на бременоста била анемична дека и нејзиното дете ќе биде анемично, освен ако не станува збор за некои генетски мутации. Во секој случај трудницата треба здраво и избалансирано да се храни како би имала здрава бременост.

Не се исклучува можноста, анемијата да има и наследни фактори.

Како да се превенира слабокрвноста, кои се препораките?

Најнапред, треба во исхраната да биде застапено големо количество на свежа храна, особено овошје и зеленчук и тоа цвекло, морков, јаболко, малини, капини и јагоди како и лиснат зелен зеленчук. Избалансираната исхрана во текот на денот со присуство на јаткасти плодови, особено семките од сончоглед во сирова форма можат да го наполнат организмот со железо. Мешунките кои барем три пати во неделата треба да бидат застапени како и житарките, исто така ќе придонесат  за решавање на анемијата.

Ако осознаеме дека сме анемични веднаш треба да преземеме и пристапиме кон решавање на проблемот со индивидуален пристап кон исхраната. Можеби некои нутритиви се здрави за да ја решиме анемијата, но не се компатибилни за нашиот организам. Затоа индивидуалниот пристап кон решавање на проблемот е најдобар избор за решавање на истиот проблем. Хранете се здраво секој ден, зашто здравјето се чува секој миг.

Фото:  Илустрација / Designed by Freepik

Вања Мицевска