Се очекува одлука за маските на отворено и предложените мерки од Комисијата – ММС
ММС

Објавено на: 05/31/21 8:23 AM

Се очекува одлука за маските на отворено и предложените мерки од Комисијата

Владата треба да се произнесе по предлогот за укинување на мерката за носење на маски на отворено, да се дозоволи организација на свадби и прослави, и да престане да важи забраната за групирање на отворено се дел од мерките што минатат недела ги предложи Комисијата за заразни болести. Состојбата со ковид – 19 се стабилизира, оценува Комисијата, со значаен пад на бројките. Во моментов се активни 1197 случаи на заболени од Ковид-19.

Новиот сет со предлог мерки е доставен до Главниот координативен кризен штаб за олабавување на рестриктивните мерки.

Како што е веќе познато, Комисијата до Штабот предложила од 1 јуни заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не може да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни. Предлага и да престане да важи забраната за групирање на отворено – при групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски, да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50 проценти исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде шест.

– Спортските натпревари на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30 отсто од капацитетот на стадионот. Да им се дозволи на угостителските објекти да примаат по шест гости на една маса,  додека сите останати рестрикции за нив остануваат во сила. Полицискиот час останува во сила, наведоа МЗ.

Во исто време се работи и на протоколите за одржување  настани и концерти на отворено. По 15 јуни, според договорените протоколи, ќе бид дозволена и организација на ваков тип настани.