Се расположил и со шише повредил гостин во кафана – ММС
ММС

Објавено на: 05/30/21 3:45 PM

Се расположил и со шише повредил гостин во кафана

Во угостителски објект во Неготино, гостин од една маса удрил со шише присутен гостин од друга маса, при што му нанел повреди.  Случајот бил пријавен во Полициска станица во Неготино.

„На 29.05.2021 во 23.45 часот во Полициската станица Неготино, М.Т.(18) од Неготино пријавил дека околу 22.50 часот, додека со Т.К. од село Тимјаник биле во угостителски објект во Неготино, едно лице, кое било на друга маса, фрлило шише и им нанел повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во билтенот на МВР.