Засилени вонредни контроли на терен за сите нафтени деривати, најави Бектеши – ММС
ММС

Објавено на: 05/30/21 3:09 PM

Засилени вонредни контроли на терен за сите нафтени деривати, најави Бектеши

Министерството за економија заедно со пазарниот инспекторат во следниот период ќе започнеме со засилени контроли на терен за сите видови нафтени деривати во државната мобилна лабораторија, најави денеска на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

„Одлучни сме преку засилени контроли да избегнеме можни манипулации со квалитетот на горивата кои се користат во нашата земја. На тој начин не само што ќе се заштитат потрошувачите од мануипулации, туку и ќе се заштитува животната средина. Во моментот заедно со вицепремиерот Николовски ги собираме сите податоци за дистрибуција на сомнителен мазут, крјаниот рок кој што им го дадовме на институциите е следниот вторник, кога и очекуваме дека ќе ги имаме сите информации за евентуалните злоупотреби на увоз на опасен мазут во нашата земја. За податоците ќе ја информираме јавноста, но ако не се реализирани сите процедури за квалитетот на течни горива и процедурите за нафтени деривати докуменитете ќе бидат предадени директно на Основното јавно обвинителство. Сите институции почнувајќи од Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Министертсвото за економија, Инспкторатот за животна средина имаат обврска во роковите предвидени согласно со заклучоците да ги предадат до Владата на Северна Македонија“, рече министерот Бектеши.

Заради согледување на состојбите поврзани со квалитетот на горивата за транспорт кои се пласираат на пазарот, денес Државниот пазарен инспекторат во соработка со Бирото за метеорологија, а со користење на мобилната лабораторија започна со вршење на вонредни инспекциски надзори на бензиските станици каде се врши промет или трговија на мало со моторен бензин и дизел горива, изјави в.д директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симевска Димоска.

„До овој момент веќе се извршени три инспекциски надзори. Денешните надзори се само почеток на вонредни инспекциски надзори кои ќе продолжат и од утре натаму кои ќе бидат спроведени и на целата територија на државата. Инспекциските надзори се одвива во насока на квалитет на горивата за трансорт, поконкретно на моторниот бензин и дизел горивото за што и мобилната лабораторија е акредитирана. Анализите се однесуваат на квалитативните својства на течните горива чии гранични вредности се пропишани во Павлилникот за квалитет на течните горива. Овие контроли ќе се одвиваат на влез на горивата во нашата држава на наѓата граница, но претходно ќе оставриме сорбаотка со Царинската управа се со цел да спречиме влез на несоодветен квалитет на горива да се пуштат на внатрешниот пазар“, рече в.д директорката на ДПИ, Симевска Димоска.

Министерот Бектеши го негираше новинарското прашање дека со денешната прес конференција ги започнуваат контролите, тој појасни дека  ДПИ веќе направил одредени контроли посебно во делот на мазутот, утврдени биле сите анализи, се подготвуваат решенијата, само што треба да се има во превид дека треба да се поделат работите затоа што мазутот се контролира во други акредитирани лаборатории.

„Тие контроли се завршени од ДПИ, веќе се вратеи неколку цистерни, јас не сакам д анавлегувам на имиња на компании на кои се вратени цистерните и во внатрешноста на нашата држава се констатирани нерегуларности. Мобилната лабораторија е акредитирана за течни горива и дизел, а напоредно ќе се вршат контроли и на бензинот и нафтата и во делот влезот на нашата држава и во внатрешниот пазар“, рече Бектеши.

Г.Д