Легендарниот пејач Џеј Рамадановски почина во недела, на 6.декември 2020 година, а обдукцијата потврди дека му застанало срцето. Џеј имаше 55 години, а денес ќе беше неговиот 56.роденден.
Џеј потекнува од Ресен, животот на Џеј ниту малку не му бил лесен, особено неговото рано детство.
– Често го сонувам поправниот дом. За целото време кое го поминав таму, мајка ми ниту еднаш не ме посети, доаѓаше само мојот татко, велеше Џеј во една прилика.
Џеј тогаш открил дека мајка му се грижела за неговите сестри, а татко му за него.
-Често плачам за тоа, во мојата група беа 12 проблематични деца. Повеќе пати сме иделе на разговори со психологот, тоа беше задолжително. Од цела група само четворица успеавме во животот, основавме семејство и започнавме да работиме. Останатите останаа да менуваат домови и којзнае како завршиле, додава пејачот.
Во една емисија каде се појавила некоја архивска снимка од неговото рано детство, Џеј зборувал за растењето
– Јас сум половина сељак, половина циган. Лето славиме, зима јадеме. Откако тато е во Австралија ни зима не јадеме. Тој е нашиот Дорчол, Менхетан. Јас работев на смеа, не бев криминалец, малку деликвент и кога бев во затвор мајка ми никогаш не ми доаѓаше во посета, изјавил своевремено Џеј.
Извор: Информер.рс