„Ме покани пријателот да му го крстам детето, прифатив а потоа се шокирав од договорот кој ми го испрати“ – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/21 5:24 PM

„Ме покани пријателот да му го крстам детето, прифатив а потоа се шокирав од договорот кој ми го испрати“

Еден човек го опишал своето необично искуство со пријателот кој го поканил да го крсти неговото дете.

Човекот кој раскажа дека тој и неговата сопруга пред девет години го запознале друггиот млад пар и со него се спријателиле , па не ги изненадило што за кум на нивното дете токму него го одбрале. Бил воодуевен, но потоа од пријателот добил договор и потпис за неколку барање – меѓу кои стоело и тоа дека тој мора да се крсти и да стане католик и на детето мора да му даде 16.000 евра како подарок.

Се согласив да бидам кум, а веќе утредента ми оставил плико со договор кој треба да го потпишам, раскажал мажот а од него се барало и да присуствува на секое католичко случување каде детето треба да присуствуа, крстење, исповд, и друго.

Пишувало дека треба да размисли да стане католик, на детето да му давам најмалку 500 долари за сите од те случувања и за секој роденден и Божиќ, а од него се очекува до 18. роденден да му собере школарина на детето околу 16 илјади евра.

– Останатото, пишувало дека ќе го додадат родителите. Серизоно?!, напишал тој.

Кога го побарал својот пријател му објаснил дека не може да се согласи бидејќи договорот е презахтеван, тој се налутил и му рекол дека е себичен и го блокирал неговиот број и бројот на сопругата.

– Нема врска јас не се лутам, само не гледам како сум јас себичен, а не тој, заклучил овој несуден кум.

 

Извор и фото: Информер.рс