Зорица дозна дека е бремена кога почина мојот татко – Боба Живоиновиќ прв пат прозбре за поранешната сопруга! – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/21 4:31 PM

Зорица дозна дека е бремена кога почина мојот татко – Боба Живоиновиќ прв пат прозбре за поранешната сопруга!

Поранешниот тенисер Слободан Боба Живоиновиќ пред бракот со пејачката Лепа Брена бил оженет со Зорица Накиќ со која го доби синот Филип Живоиновиќ.

Вака ја опишал младоста и почетокот на врската со Зорица која се крунисала со дете.

– Кога почнував немав големи тениски турнири, мораше да се патува некаде , а за тоа беа потребни некои пари. Со 18 години бев првак во Европа – аматер и освоив златна медаља и во октомври добив награда од градот Белград и бев меѓу 10-те најпознати спортисти во поранешна Југославија. Со свои 19, 20 години малку се изгубив немаше кој да ме фати за рака и да ми каже одиш тука и ќе го правиш тоа. Мајка ми сакаше да завршам школо, се водеше по тоа дека од „спорт нема леб“, и тие две години јас лутав, рекол Боба и додал:

– Се случи со Зорица да отидам во кино , а таа од нејзинот татко го зема фичото и автомобилот не сакаше да запали. Јас го гурав фичото се до Шуматовац и потоа и реков тука нека го остави. Влегов во автомобилот ги искинав сите кабли и си реков себе си дека ова веќе нема да биде мој живот и тогаш одлучив и продолжив цврсто таа година. Тоа беше 1984 година, и од тогаш тргнаа сите мои успеси во кариерата.

– Имав 21 година кога се роди Филип. Зорица дозна дека е бремена кога почина мојот татко. Моите беа пресреќни, повторуваа „Мали Боба“, и така се се случи, рекол Живоиновиќ во една позната емисија.

Извор и фото: Еспресо.рс