Шармантната пејачка Слаѓа Делибашиќ откако се разведе од танчерот Џоле Џогани повеќе не зборувала во јавноста за своите партнери. Сепак сега одлчила да признае дека го пронашла „ господинот совршен“.
– Пронајдов вистинска љубов, и… Да, и тоа многу одамна, откри пејачката.
Слаѓа пред неколку години открила дека нејзиното поранешно момче Игор Матиќ не можел да прифати дека неговата врска е завршена, па обземен од бесот извадил пиштол и го вперил во неа и во тогашното момче.
– Вања и јас бевме на вечера со мојата ќерка Силвија, Игор упадна во тој ресторан и ни впери пиштол. Целиот се тресеше, и со пиштолот еднаш кон мене, па кон Вања. Повредена суета беше во прашање која можеше да доведе до трагедија. Моја Силвија во еден момент влета помеѓу нив двајца и со телото се постави заштитнички кон Вања. Видов дека нема тој да пука. Можев да направам сцена, но тоа не беше поентата. Не можеш да си играш со животите на толку луѓе, открила пред неколку години Слаѓа.
Извори и фото: Еспресо.рс