(Видео) „Зарем сонцето не нè грее сите“ – Со пораката од Св. Кирил првата дама Ѓоргиевска блесна во Светата Столица – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/21 7:13 PM

(Видео) „Зарем сонцето не нè грее сите“ – Со пораката од Св. Кирил првата дама Ѓоргиевска блесна во Светата Столица

Професорката Елизабета Ѓоргиевска, првата дама на Македонија блесна на аудиенцијата кај Папата Франциск. Нејзината одлука, како ќе биде облечена за овој важен ден покажа дека и „најздодевната“ и најкласична облека, доколку е одбрана со вкус и соодветствува на настанот и се вклопува во амбиентот,  остава впечаток. За црниот костум и коминацијата со  која сопругата на Претседателот Елизабета  Ѓоргевска го носеше на аудиенцијата кај Папата Франциск, едноставно немаше замерки, напротив доби одлични коментари.

Од познати и пријатели на Ѓоргиевска, дознаваме дека е размислувано и секој детал е внимателно избиран. Пригодниот и елегантен црн костум го изработила  кројачката Јулијана Дуковска, врз основа на дизајнот и збогатен со стилизиран вез, базиран на старословенските ракописи на Лидија Георгиева. Особено внимание привлече симбиликата на велот, која била идеја токму на Ѓоргиевска и  кој ја содржи реченицата „Зарем сонцето не нè грее сите“, или ⰈⰀⰓⰅⰏ ⰔⰑⰐⰜⰅⰕⰑ ⰐⰅ ⰐⰅ̀’ ⰃⰓⰅⰅ ⰔⰋⰕⰅ,  од Св. Кирил испишана на глаголица. Венчето е изработка на Магдалена Чижбановска.

Идејата, изработката, симболиката, едноставноста и елеганцијата со која сопругата на Претседателот го испочитува строгиот дрескод за аудиенција кај Папата, покажа дека може да се одговори успешно на сите овие предизвици.