Полицијата не може да се справи со веселите сватови кои пукаат по свадби во полошко – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/18 6:36 AM

Полицијата не може да се справи со веселите сватови кои пукаат по свадби во полошко

Полицијата не може да се справи со веселите сватови кои пукаат по свадби во полошко. По пријава за пукање на свадба во тетовски Порој, полицијата извршила контрола за време на веселбата, но домаќинот не го кажал веселиот гостин.

Откако дошла полицијата да изврши контрола во тетовски Порој, домаќинот им рекол дека не знае кој пукал во неговиот двор за време на свадбената церемонија. Во селото биле пронајдено чаури, но не и веселиот гостин.

-Сопственикот на куќата, на 47 години на полицајците им рекол дека некој од присатните гости, испукал неколку истрели, но бидејќи биле во поголем број не видел кој бил тоа. При тоа полицајците нашле четири чаури од пиштолска муниција од непознат калибар, кои се подигнати за понатамошна постапка, инфомираат од СВР Тетово.

Дваесетина минути по овој настан, околу 22 часот и 30 минути според пријавата на 42гoдишник од Теарце, неговото возило е оштетено од заталкан куршум најверојатно испукан на свадба кога пристигнал во село Џепчиште откако се движел по регионалниот пат Тетово-село Јажинце, заедно со неговата сопругата и две малолетни деца.
Четири случаи на заталкани куршуми и толку оштетени возила беа пријавени на 29 јули во Тетово. Ден претходно една жена беше повредена од заталкан куршум испукан на свадба

Наместо веселба и убави спомени голем дел од свадбите во Тетово завршуваат со повредени и предизвикана материјална штета, поради честата употреба на огнено оружје. Полицијата апелира да не се користи оружје за време на веселбите, дело за кое можат да одговараат и кривино

Во 2015 година од залутан куршум испукан на свадба, животот го загуби десетгодишно дете од од Гостивар.

Зоран Димовски