Во ковид центрите во Скопје за еден ден хоспитализирани 4 нови пациенти – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/21 10:11 AM

Во ковид центрите во Скопје за еден ден хоспитализирани 4 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 4 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 75 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, соопштија претпладнево од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало двајца примени пациенти и еден бил примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 12 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 14 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 23 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 38 пациенти.

Вкупно 75 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 78 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка – додаваат од МЗ.

 

Фото:  Илустрација / unsplash.com