Кој ќе биде прогласен за најлошо облечен на Евровизија? – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/21 9:54 AM

Кој ќе биде прогласен за најлошо облечен на Евровизија?

Наградата за најлошо облечени на Евровизија се доделува веќе 24 години по ред. Наградата го носи името по белгиската пејачка која во 1993 година беше прогласена за најлошо облечен изведувач на Евровизија, Барбара Декс.

Церемонијата на доделување на наградите е во организација на списанието Сонгфстивал, а наградата го носи името на претставничката на Белгија. Во чест на фустанот во кој беше облечена кога ја претставуваше својата држава, изведувачите веќе со години ја добиваат неславната титула со нејзиното име.

Бендот „Моје 3“ во 2013-та година „победи“ со 967 гласови за најлош стајлинг, а веднаш зад српските претставнички таа година се најде Романија со 544 гласа.

Меѓу „победниците“ на два пати се најде и Македонија.  Во 2005 година за најлошо облечен изведувач беше прогласен нашиот тогашен претставник, Мартин Вучиќ.

Истата награда ја добивме и во 2018 година кога не’ претставуваа Ај Кју.

Оваа година главни фаворити за најлошо облечени се Тика (Норвешка), Сенхеит (Сан Марино), Роксен (Романија),  Еден Ален (Израел), Албина (Хрватска) и  Манижа (Русија). Гласањето трае до утре, по што на јавноста ќе и стане познато кој евровизиски изведувач е победник кога станува збор за лошата облека.

 

Фото: esc-plus.com

Извор: kurir.rs