(ВИДЕО) Бетмен: Нинџа ако прочитал нешто од мене, ќе занеше дека се викаат колумни, а не „калимни“ – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/21 9:35 AM

(ВИДЕО) Бетмен: Нинџа ако прочитал нешто од мене, ќе занеше дека се викаат колумни, а не „калимни“

„Размислувањето низ призма на пари е максима на огромен број од граѓаните, не сум пишувал против владата на ВМРО ДПМНЕ, туку ги критикував општествените промени за време на тоа владеење“, изјави Богдан Илиевски – Бетмен во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

„Сум ја напаѓал тогаш опозицијата бидејќи опозицијата сериозно тргна,  претендираше да ја земе власта во Македонија, по оној момент што јас го ценев во тој момент тоа времето го потврди со намера да го сменат името и идентитетот на земјата. Јас може да не се согласам со 1000 точки, не биле 1000, 100 –на позиции од тогашното владеење на ВМРО ДПМНЕ. За Скопје 2014 сум протестирал, за палмите пишував колумни , за куќата и споменикот на Мајка Тереза бидејќи ја сметам за архитетонска грдосија, за критиките кои сум ги пишувал стојам зад тоа“, истакна Илиевски.

Тој објасни зошто во неговите колумни започнал пожестоко да ја критикува тогашната опозција, сегашната Влада.

„Зошто тргнав многу пожествено на тогашната опозиција, денешна власт затоа што ги намирисав која им е крајната цел. Јас може да се не се согласувам со многу нешта од работењето на ВМРО ДПМНЕ, но ја препознавам како единствена моќна политичка сила која што може да го брани македонскиот идентитет и македонските национални интереси. Името мене ми било на најпрво место, па после имаш 100 празни места, па после се палмите, естетскиот изглед на центарот на Скопје. Она што ме врзало како политичка идеја во одреден момент  многу предничело во се останато. Не изнервира таа емотивна манипулација, тие прес конференции за т.н бомби“, вели Илиевски.

На прашањето дека Александар Василевски – Нинџа во судницата го обвини Илиевски дека пишувал против ВМРО ДПМНЕ, Илиевски истакна дека јавно ќе му се извини на Нинџа преку билборд.

Нинџа ако прочитал три мои колумни, како да ви кажам… ќе се извинам јавно, билборд ќе закупам за да му се извинам. Човекот таму кажуваше нешто што некој таму му посочил да каже, јас тоа го памтам бидејќи внимателно го слушав, човекот не рече ниту колумни, туку „калимни“ – вели Илиевски.

„Заев беше аболициран од претседател на држава, а амнестијата наша беше усвоена со закон, со 90 гласа „ЗА” , 0 воздржани и против. Јас Заев не го прозивам лично дека бил аболицираниот, туку го прозивам за сите други работи, дека е премиер на државата и има други одговорности”, изјави Богдан Илиевски во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.

Тој зборуваше и за деновите додека бил 84 дена во притвор во затворот во „Шутка” и моментите со кои се соочил таму. На прашање дали се внимава во затворот каде ќе биде сместен, со какви осуденици, Илиевски раскажа за непријатната случка која ја имал при самото влегување во затаворот.

„84 дена бев во Шутка, а потоа дома уште 10 месеци. Би требало да внимаваат, иако првиот ден не внимаваа. Првиот ден бевме на прошетка јас и мојот цимер од ќелијата, јас мислев дека тоа е притвор како од филмовите со 15 кревети, а не дека си во една соба затворен 23 часа во
денот и дека имаш еден час право во денот на свеж воздух. Бевме две ќелии пуштени на таа прошетка, имаше провокации од еден човек од другата ќелија. Јас како што ме дал Господ, наивен, ниту на крај памет што може да ми се случи внатре. Цимерот мој знаеше и други јазици да зборува, и ми кажа дека малиот се заканувал дека ќе ме „бодел”.  И демек се откажал од идејата, дека сум бил дојден тазе, па некој друг ден ќе ми напакостел. По неколку дена дојдоа да ни прават претрес во ќелија, им кажав каков проблем сме имале и потоа беа коректни не преместија во друга ќелија, не пуштаа сами на прошетка, во сопствен термин, колку да се намали опасноста од било што да се случи”, раскажа Илиевски, иако со другите притворени за организирање на настаните од „27 ми април” не беше така.

„За жал не беше тоа случај со луѓето кои ги притворија за организирање на „27 ми април”, кај нив уште првиот ден имаше физички напад, врз Спиро Ристовски и Миле Јанакиески за „добредојде”, и сето тоа заврши со судни маки, со оставка на диркеторот на Казнено поправниот дом во Шутка”, вели Илиевски.

Г.Д